x

Обичен vs iPad vs MacBook полнач: Тестирање на брзото полнење кај iPhone Xs и Xs Max

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Октомври, 2018 од GSM.mk

Едно важно прашање се врти околу новите смартфони на Apple откако беа претставени - бидејќи нудат моќни перформанси, колку брзо може да се наполнат нивните батерии?

iPhone Xs 

Да преминеме веднаш на главното. Како што може да видите, стандардниот iPhone полнач е најспор, најпогоден за подолги полнења преку ноќ. 

Иако полнењето преку ден, кога ви треба полна батерија за кратко време, никогаш не е интересно, 12W iPad полначот ги прави работите значително полесни - со него, на iPhone XS му беа потребни 30 минути да стигне до 50%. Нормално, 87W MacBook полначот покажа најдобри резултати и го наполни уредот за 2 минути порано до 50%. Се на се, како што беше очекувано, стандардниот полнач е најспор, iPad полначот е златна средина, додека MacBook полначот покажа солидни резултати.


iPhone XS - време потребно за 
полнење
50%100%
With stock 5W iPhone 

1h 17min     3h 5min
With 12W iPad 

44min 2h 16min
With 87W MacBook 

28min 1h 55min

iPhone Xs Max

Со неговата поголема батерија, на iPhone Xs Max му беше потребно повеќе време за полнење. Со стандардниот полнач, на Xs Max му беше потребен 1 час и 31 минута да стигне до 50%, што е предолго. Но, знаете што е уште подолго? Времето потребно за целосно полнење на уредот. Со истиот полнач, за целосно да ја наполните батеријата ќе ви бидат потребни 3 часа и 29 минути. Како за споредба, легендарниот The Lord of the Rings: The Return of the King трае 3 часа и 20 минути, што значи дека додека го полните вашиот смартфон можете слободно да земете пуканки и да го изгледате цел. 

Во меѓувреме, 12W iPad полначот покажа значително подобри резултати, додека 87W MacBook полначот е повторно на врвот. 


iPhone XS Max - време потребно
за полнење
50%100%
With stock 5W iPhone 

1h 31min  3h 29min
With 12W iPad 

56min 2h 38min
With 87W MacBook 

30min 2h 1min


Со овие резултати заклучивме две работи:

1. Брзото полнење е одлично

2. Стандардниот iPhone полнач е неверојатно спор и треба да биде подобрен

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.