x

Објавен првиот трејлер за „Far Cry 6“ играта

Категорија: Забава Објавено на 15 Јули, 2020 од GSM.mk

Ubisoft го претстави првиот трејлер за видеоиграта „Far Cry 6“.

Трејлерот го прикажува градот под режимот на Антонио Кастиљо кој го глуми Џанкарло Еспозито.

Во „Far Cry 6“ играчите го контролираат Дани Рохас кој треба да го сруши режимот на Кастиљо, пишува The Verge.

Од Ubisoft велат дека играчите ќе имаат на располагање многу оружје и систем за следење кој „ќе ви овозможи регрутирање на оние коишто сакаат да се борат на ваша страна“, исто како во „Far Cry 5“.

Видеоиграта „Far Cry 6“ би требало да биде достапна на 18 февруари 2021 година за Play Station 5, PS 4, Xbox Series X, Xbox One, PC.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.