x

Објавен првиот трејлер за Mortal Kombat 11

Категорија: Забава Објавено на 09 Декември, 2018 од GSM.mk

Играта која беше инспирација за многу филмови и серии во април 2019 година ќе го доживее новото продолжение. Во текот на шоуто The Game Awards 2018 е прикажан трејлер за Mortal Kombat 11.

Оваа хипер насилна борбена игра доаѓа на Nintendo Switch, PlayStation 4, Windows PC и Xbox на 23 април 2019 година. Во новото продолжение ќе има прилагодени ликови, прилагодувањето на ликовите ќе придонесе играчите да создадат борци по сопствена желба. Играта не се препорачува за деца поради непријатните сцени.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.