x

Од денес официјално започнува продажбата на најновите Samsung Galaxy S9 и S9 Plus во Македонија

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Март, 2018 од GSM.mk

Со новите Samsung Galaxy S9 и S9+ до подобра и супер забавна модерна комуникација со супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување.

По официјалното претставување на новите Samsung Galaxy S9 и S9+ паметни телефони во Македонија, компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го најави почетокот на продажба на овие уреди. Сите кои сакаат да купат од овие неверојатни уреди, ќе може да одберат телефон во следните бои: Полноќно Црна, Корално Сина, како и во новата нијанса – Пурпурно Виолетова. Започнувајќи од денес, Samsung Galaxy S9 и S9+ ќе бидат достапни за корисниците во салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун, по препорачана продажна цена од 50.999 денари за Samsung Galaxy S9, односно 56.999 денари за Samsung Galaxy S9+.

Новите паметни телефони на Samsung пристигнуваат со низа новитети и подобрувања: неверојатна камера за снимање при слаба осветленост со двојна бленда на објективот, супер бавен “slow-mo“ видео запис и пиктографи (AR emoji) за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување. Samsung Galaxy S9 и S9+ неодамна беа за прв пат претставени во рамки на Светскот Конгрес за Мобилна Технологија 2018 во Барселона, каде освоија 30 награди, вклучувајќи ја и најзначајнат¬а награда во рамки на годишните Глобални Награди за Мобилна Технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) - “Најдобар Нов Уред за Поврзување“ (“Best New Connected Device”). Оваа награда беше доделена на новиот Samsung Galaxy S9+ како признание за неговиот префинет дизајн, напредна камера и извонредни перформанси.

Напредната камера со двојна бленда на Samsung има обектив кој функционира слично како ирисот на човечкото око и автоматски може да се менува согласно различните услови на осветлување. На овој начин, вашитефотографии ќе изгледаат одлично, без разлика дали се фотографирани во услови на поголема светлина или при слабо осветлување, преку ден или навечер. Двојната бленда поддржува “F1.5“ и “F2.4“ режим. Кога е темно, објективот се отвора до “F1.5” за да пропушти повеќе светлина за јасни и чисти фотографии, додека на дневна светлина објективот автоматски се префрла во режим “F2.4“ овозможувајќи фотографијата да ја задржи својата острина. Исто така, новите Samsung Galaxy S9 и S9+ имаат напредна камера со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија за висок квалитет на фотографии. Благодарение на овој сензор, камерата може да ги долови сите детали четири пати побрзо, и тоа поголем број од нив. Со опцијата “Super Slow-Mo“ за креирање видео записи, секој корисник може да ги зачува секојдневните незаборавни мигови со помош на динамични и успорени видео записи кои снимаат до 960 слики во секунда. Благодарение на оваа напредна камера, вашите фотографии ќе бидат беспрекорни, а преку видеата снимани со Samsung Galaxy S9 и S9+ ќе имате можност да ги погледнете и најмалите детали и движења од вашето опкружување!

Новите Samsung Galaxy S9 и S9+ поседуваат автоматски детектор за движење, интелигентна карактеристика која детектира движење и автоматски почнува да снима се, претворајќи приближно 0,2 секунди реални случувања во околу 6 секунди снимка. По снимањето со “Super Slow-Mo” функцијата, својот видео запис можете да го збогатите со музика која ќе се слуша во позадина на видеото. Исто така, на едноставен начин, со помош на допир може да креирате, уредувате и споделувате содржини во .GIF формат.

Samsung преку своите најнови премиум мобилни уреди сега ви овозможува да креирате “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како вас. Пиктографите за изменета реалност (AR Emojis) со користење на алгоритам за машинско учење и анализа на 2D фотографија од корисникот, исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи ви да ги споделите вашите пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки.

За потсетување, Samsung Galaxy S9 има 5,8 инчи “Quad HD+ Curved Super AMOLED“ екран, а екранот на Samsung Galaxy S9+ е со иста резолуција, со поголема дијагонала од 6,2 инчи, исто така со сооднос 18:5:9. Бесконечниот “Super AMOLED“ екран се вклопува во телефонот речиси директно во телефонот без рабови кои попречуваат. Со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците можат да го користат нивниот уред дури и на директна сончева светлина.

Адути кои заслужуваат внимание се и Бигзби (Bixby) - интелигентна платформа интегрирана во камера, јасниот, чист и квалитетен звук благодарение на АКГ (AKG) звучниците поддржани од Dolby Atmos© со ефект на звукот од 360 степени. Samsung Galaxy S9 и S9+ се први паметни телефони кои ја поддржуваат новата “SmartThings“ апликација и може да се поврзат со други Samsung уреди, а новата генерација Samsung DeX е идеална за сите оние кои се константно во движење. Уредите поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со MicroSD картичка и се опремени со најновите премиум апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.

И двата најнови уреди од портфолиото на Samsung Galaxy S9 и S9+ се заштитени со “Knox 3.1“ - најновата, најсовремена надградба на безбедносната одбранбена платформа на Samsung и имаат три различни можности за биометриска проверка на автентичноста – со скенирање на окото, отисокот од прстот, како и препознавање на лицето.

Од денес, ултра-модерната комуникација со помош на новите Samsung Galaxy S9 и S9+ е на само чекор од вас! Посетете ги салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун и одберете го вашиот Samsung Galaxy S9 или S9+ во неверојатни нијанси: Полноќно Црна, Корално Сина и Пурпурно Виолетова и станете дел од големата Самсунг Галаксија на корисници кои уживаат во секој детал од нивното секојдневие.

За повеќе информации за Samsung Galaxy S9 и S9+, посетете ги следните линкови: http://www.samsungmobilepress.comnews.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.