x

Одговорот на Apple кон Huawei е мало зголемување на производството!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 30 Јуни, 2019 од GSM.mk

Една од најголемите цели на аналитичката компанија Cowen е да го следи iPhone бизнисот на Apple, а дел од тие изјави вклучуваат "статистички податоци за бројот на произведени единици секоја година"..

Според компанијата, Apple го има зголемено своето производство на iPhone уреди во втората четвртина од 2019 година. Причината позади ваквата одлука е забраната и проблемите кои Huawei ги имаше со Америка.

Сето тоа има смисла - кога конкурент ќе добие забрана за производство на одреден маркет, делот кој таа компанија го имала на тој маркет е потребно да се преземе.

Иако сетоа тоа звучи логично, реалноста е малку поразлична. Cupertino го има зголемено производството за само 2.5% - од 39 милиони на 40 милиони единици. Зашто е тоа така?

Според аналитичарите, Apple сигурно убаво ја има проучено ситуацијата и има предвидено колкава корист може да има од целата ситуација во која се наоѓа Huawei во моментот. iPhone уредите се неверојатно популарни насекаде во светот, но најсилната позиција Apple ја има во Америка. Истовремено, уредите на Huawei иако се популарни, во Америка и пред забраната беа присутни во многу мал број.

Имено, Huawei е по присутна во Европа и Азија, така што инцидентите со Америка не претставуваат голема шанса за зголемување на својата продажба за Apple конкретно на пазар каде веќе доминира.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.