x

Официјални фотографии од Huawei Enjoy Max: 7.12 инчен дисплеј и модерен дизајн

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Октомври, 2018 од GSM.mk

На почеток од месецот се запознавме со Honor 8X Max и неговиот голем, 7.12 инчен дисплеј. Според Evan Blass, наскоро пристигнува слична верзија на него, но овој пат носејќи го Huawei, наместо Honor името..

На кратко, Honor 8X Max доаѓа со 7.12 инчен дисплеј, резолуција од 1080 x 2244 пиксели, 18.7:9 сооднос и дизајн како iPhone X. Во зависност од верзијата која ќе ја купите, добивате Snapdragon 636 или Snapdragon 660. Заедно со процесорот, може да одберете меѓу 4GB/6GB RAM и 64GB/128GB меморија. На задната страна се наоаѓаат две камери, од 12MP + 2 MP, додека селфи камерата е од 8 мегапиксели. Заедно со големиот дисплеј доаѓа и голема батерија, од 5000mAh. 

Според Evan Blass, Huawei одлучи да го "украде" уредот од својот бренд Honor и да претстави своја верзија од 8X Max, наречена Huawei Enjoy Max. Смартфонот ќе биде достапен во три бои - црна, златна и сребрена.

Сеуште не сме запознаени со спецификациите и промените кои ќе ги нуди новиот Huawei уред, доколку воопшто има некакви подобрувања. Honor 8X Max е достапен во Кина и чини 220 долари. Слична цена очекуваме и за Huawei Enjoy Max.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.