x

Официјално Alcatel 7: Дуален систем камери, голема батерија и ниска цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Август, 2018 од GSM.mk

Секогаш постои простор на пазарот за уште еден нискобуџетен уред, особено кога станува збор за смартфон произведен од Alcatel. Ова е Alcatel 7:

По цена од 180 долари, можеби се прашувате што ќе нуди Alcatel 7? Да погледнеме:

Иако уредот изгледа помалку модерно од своите ривали, нуди голем, 6 инчен FHD+ дисплеј со 18:9 сооднос и тенки рамки од страните. 


Во внатрешноста на Alcatel 7 се наоѓа MediaTek MT6763T процесор, придружен од 2GB RAM и 32GB меморија. На големата батерија од 4,000mAh ќе и бидат потребни само 22 минути за полнење, а може да издржи до 6 часа користење. За безбедност, уредот го нуди класичниот скенер за отпечатоци, како и Face ID. 

Како и останатите смартфони во денешно време, Alcatel 7 доаѓа со две камери на задната страна, од 12 и 2 мегапиксели, а за вашите селфи фотографии ќе се погрижи предната камера, од 8 мегапиксели. 

Како што веќе напоменавме, цената на уредот е 180 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.