x

Официјално Apple iPad Pro (2018) модели: Големи промени и подобрувања!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 31 Октомври, 2018 од GSM.mk

Како што се очекуваше, за време на вчерашниот настан, Apple ја прошири својата iPad линија со два нови таблети. Што се ново нудат уредите? Ајде да погледнеме:

По претставувањето на три all screen iPhone модели, Apple го претстави ваквиот дизајн и кај новите таблети. 10.5 инчната верзија сега доаѓа со 11 инчен панел околу кој се наоѓаат минимални рамки. 12.9 инчната верзија е подобрена на друг начин, бидејќи нејзините целосни димензии се смалени. Двата доаѓаат со LCD панели, кои Apple ги нарекува Liquid Retina, исто како кај iPhone XR. Ако се исти како и останатите Apple уреди, би требало да нудат квалитени слики и точни бои. True Tone и Night Shift се повторно присутни, за да ги олеснат работите за очите.

Apple iPad Pro (2018) is now official: the new models offer huge updates, combine productivity with portability

Ќе забележите дека поради тенките рамки нема место ниту за Home копче, ниту за Touch ID. Токму поради тоа, таблетите доаѓаат со Face Unlock - технологија која Apple ја претстави со минатогодишниот iPhone X. Бидејќи немаат стаклена конструкција, не нудат безжично полнење, што и не е толку страшно. Наместо тоа, повторно станува збор за алуминумска градба.

Apple iPad Pro (2018) is now official: the new models offer huge updates, combine productivity with portability

Нормално, новите iPad модели работат на најновиот iOS - iOS 12.

Apple iPad Pro (2018) is now official: the new models offer huge updates, combine productivity with portability

Типично за Apple, таблетите доаѓаат со малку подобрена верзија на процесорот кој се наоѓа во најновите iPhone уреди - сега наречен Apple A12X Bionic. Во однос на меморијата, може да бирате меѓу четири опции - 64GB, 256GB, 512GB или импресивен 1TB меморија. 

На задната страна, и двата доаѓаат со 12 мегапикселна камера, додека селфи камерата е од 7 мегапиксели. Новитет е што добиваме Smart HDR - верзија на Apple за HDR+, која беше претставена минатиот месец со iPhone Xs. Истотака, TrueDepth технологијата на предната страна овозможува Selfie Portrait, како и користење на Animoji и Memoji.

Новото Apple пенкало со кое доаѓаат е компатибилно само со новите модели. Магнетно се прикачува од страна и на тој начин се полни.

Apple iPad Pro (2018) is now official: the new models offer huge updates, combine productivity with portability

Apple iPad Pro (2018) is now official: the new models offer huge updates, combine productivity with portability

И двата iPad модели се веќе достапни на пазарот, по почетна цена од 799 долари. Најскапите верзии, со 1TB меморија, чинат 1749 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.