x

Официјално BlackBerry KEY2: Подобрена тастатура и батерија со 2 дена живот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Јуни, 2018 од GSM.mk

BlackBerry KEY2 тукушто беше најавен со интересни хардверски и софтверски подобрувања, како и неколку функции кои прв пат ги гледаме кај BlackBerry телефон. Да погледнеме подетално за што станува збор:

Дизајн

На изглед, BlackBerry KEY2 наликува на неговиот претходник, што и не е толку лошо. Станува збор за елегантен дизајн со алуминиумска рамка, класичната тастатура на предната страна и гумен заден дел. Покрај тастатурата, на предната страна се наоѓа 4.5 инчен дисплеј со 3:2 сооднос. Копчињата се 20% повисоки од оние на KEYone, за покомпактна употреба. Истотака, има ново копче, наречено Speed Key, кое ви дава брз пристап до одредени функции. Последно, копчињата се матирани, наместо со сјајен финиш. 


Хардвер и камери

Слично како минатогодишниот модел, BlackBerry KEY2 доаѓа со просечен процесор. Станува збор за Snapdragon 660, кој е придружен од 6GB RAM и 64GB меморија. На задната страна ќе забележите две камери - прв пат кај BlackBerry телефон досега. Двете се од 12 мегапикселни, овозможуваат портрет фотографии и нова функција, т.н "оптички суперзум". За селфи фотографиите ќе се погрижи камерата од 8 мегапиксели. Една од поинтересните спецификации е и батеријата од 3,500 mAh, која ветува издржливост до два дена.

The BlackBerry KEY2 has been announced: improved keyboard, Optical Superzoom, 2-day battery life


Продажбата на BlackBerry KEY2 ќе започне при крајот на месецот, по цена од 649 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.