x

Официјално Galaxy A60 и A40s: Новите уреди од средна класа на Samsung со дупка во дисплејот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Април, 2019 од GSM.mk

Samsung продолжува да ја проширува Galaxy A серијата на нови територии, но изгледа дека некои места добиваат повеќе уреди од други. За време на настанот во Кина, компанијата претстави четири нови модели..

Првите два, Galaxy A80 и A70 беа претставени минатата недела, така што веќе сме запознаени со нив, а Galaxy A60 и A40s беа претставени пред само неколку дена. Сеуште не се знае дали моделите ќе бидат достапни само во Кина, но ако се појават и на другите пазари, сигурно ќе доаѓаат со повисоки цени.

Двата уреди припаѓаат на средната класа, иако Samsung се потруди да вклучи барем една "премиум" функција во нив која ќе ги разликува од конкуренцијата.

Galaxy A60 има голем, 6.3 инчен LCD Infinity-O дисплеј со FHD+ резолуција. Од премиум карактеристиките, наместо notch, уредот доаѓа со дупка во дисплејот наменета за селфи камерата. Поради тоа, смартфонот има висок тело-дисплеј сооднос од 92%. Дупката која е сместена во горниот лев агол е дом на 32 мегапикселен сензор, додека на задната страна има три камери - од 32, 8 и 5 мегапиксели. На задната страна има уште две компоненти, скенер за отпечатоци и LED блиц.

Во однос на хардверот, во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 675, 6GB RAM и солидна батерија од 3,500 mAh.

Иронично, поевтиниот Galaxy A40s има поголем, 6.4 инчен Super AMOLED FHD+ Infinity-U панел, кој доаѓа со "waterdrop notch", како и 16 мегапикселна селфи камера. Во внатрешноста се наоѓа Exynos 7904, со 6GB RAM и 64GB меморија. За разлика од Galaxy A60, има значително поголема батерија од 5,000 mAh.

Системот од три камери на задната страна има малку послаба резолуција, но сепак е одличен. Станува збор за 13 мегапикселен главен сензор, придружен од две камери со 5 мегапиксели. LED блиц и скенер за отпечатоци повторно се наоѓаат на задната страна.

Сега за сега, Galaxy A60 и A40s се достапни во Кина, по цена од 265 и 200 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.