x

Официјално: Galaxy Note 10 ќе биде достапен во 6 бои!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Мај, 2019 од GSM.mk

Galaxy Note 10 пристигнува ова лето и покрај промените во дизајнот и внатрешните перформанси, ќе доаѓа и во неклку нови бои..

Досега, Galaxy Note 8 и Galaxy Note 9 беа достапни во четири бои, но овогодинешната Galaxy Note 10 линија ќе доаѓа во шест нијанси, вклучувајќи ги и старите и неколку нови.

Слично како Galaxy S10, кој беше претставен на почетокот од годината, Note 10 ќе биде достапен во бела, црна и розева боја при претставувањето. Од друга страна, слично на неговиот претходник, ќе биде достапен и во сребрена нијанса. Од поинтересните нијанси, уредот ќе пристигне и во црвена боја. Од сите нив, првите три нијанси ќе бидат достапни на глобално ниво, додека црвената боја ќе ја има само на одредени маркети. Последно, финализирајќи ја серијата, Note 10 ќе биде достапен и во сина боја.

Од останати спецификации, очекуваме Snapdragon 855 и Exynos 9820, најмалку 8GB RAM, голем, 6.3 инчен AMOLED панел и четири камери на задната страна.

Претставувањето на Note 10 серијата го очекуваме во август.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.