Официјално Galaxy S21 и S21 Plus: Новите и моќни уреди на Samsung!
Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јануари, 2021 од GSM.mk
Новата Galaxy S21 серија е составена од три модели - S21, S21+ и S21 Ultra. Да се запознаеме со првите два од нив:

Овие уреди доаѓаат со т.н Contour Cut Camera дизајн. Ова е нов поим кој го користи Samsung и кој го опишува дизајнот користен кај уредите преку кој системот на камерите на задниот дел одлично се поклопува со рамката на телефонот.
Најголемите разлики меѓу овие два модели се:
- 6.2 инчен vs 6.7 инчен Dynamic AMOLED 2x flat 1080p екран
- Батерии од 4200 и 4500 mAh
- Цена од 799 и 999 долари за почетната верзија со 128GB меморија
- Димензии од 151.7 x 71.2 x 7.9 mm vs 161.5 x 75.6 x 7.8 mm
На задниот дел имаат систем од три камери - главна од 12 мегапиксели, втора од 64 мегапиксели и ултраширокоаголна повторно од 12 мегапиксели. Селфи камерата е од 10 мегапиксели.
- розева
- виолетова
- сива
- бела
- црна
- сребрена
- виолетова
- розева
- златна
- црвена
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.