x

Официјално Galaxy S21 Ultra: Првиот Galaxy S уред со S Pen поддршка!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јануари, 2021 од GSM.mk

Samsung официјално ја најави Galaxy S21 серијата која доаѓа со неколку поголеми изненадувања..

Galaxy S21 Ultra е најголемиот и најмоќниот модел во серијата. Почнувајќи од неговиот дизајн, уредот има сличен изглед со претходната серија, но со неколку подобрувања. Димензиите се од 165.1 x 75.6 x 8.9 mm со тежина од 227 грама. Има стаклена конструкција со алуминумска рамка. 

Samsung unveils Galaxy S21 Ultra 5G with 100X Space Zoom and S Pen support

За разлика од S21 и S21+ кои се достапни во повеќе бои, S21 Ultra најпрво ќе доаѓа само во класична црна и бела нијанса. Се зборува дека подоцна овие нијанси ќе бидат придружени од титаниумска, кафеава и сребрена верзија.

Samsung unveils Galaxy S21 Ultra 5G with 100X Space Zoom and S Pen support

Дисплејот на предниот дел е 6.8 инчен со резолуција од 1440 x 3200 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 20:9. Уште едно изненадување кое Samsung го има подготвено со оваа серија е скенер за отпечатоци под екранот.

Најголемото изненадување е што Galaxy S21 Ultra е првиот Galaxy S уред кој доаѓа со S Pen поддршка. За разлика од Note телефоните кои доаѓаат со пенкалото во самиот уред, кај S21 Ultra заинтересираните ќе мора да го купат дополнително.

Samsung unveils Galaxy S21 Ultra 5G with 100X Space Zoom and S Pen support

Под хаубата се наоѓа Snapdragon 888 во Америка и Exynos 2100 во Европа. Процесорот е придружен од 12GB RAM и 128GB меморија како основа, а батеријата е со капацитет од 5000 mAh.

Samsung unveils Galaxy S21 Ultra 5G with 100X Space Zoom and S Pen support

На задниот дел се наоѓаат четири камери. Има 108 мегапикселна широкоаголна, 12 мегапикселна која е ултраширокоаголна и две камери од 10 мегапиксели. Селфи камерата е од 40 мегапиксели. 

Galaxy S21 Ultra ќе има почетна цена од 1.099 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.