x

Официјално Galaxy Tab A 10.5: Спецификации и функции

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 06 Август, 2018 од GSM.mk

По претставувањето на Galaxy Tab S4, Samsung откри повеќе информации за уште еден таблет кој го очекуваме од компанијата - Galaxy Tab A 10.5

Tab A 10.5 доаѓа со 10.5 инчен TFT дисплеј и резолуција од 1920x1200 пиксели. Околу дисплејот, се наоѓаат тенки рамки, слични како оние кај Tab S4. Над дисплејот, се ноаѓа селфи камера од 5 мегапиксели. Најзабелжливо од предниот дел на таблетот е она што недостасува - физичко Home копче. Поради тоа, нема ниту скенер за отпечатоци, ниту пак ирис скенет како кај Tab S4, што значи дека ќе мора да го заштитувате со лозинки. 


Во внатрешноста на талетот, се наоѓа Snapdragon 450 процесор, 3GB RAM и 32GB меморија. Батеријата е од 7300mAh. Samsung го опишува Tab A 10.5 како 'Fit for the Whole Family' - Прилагоден за целото семејство. Таблетот има голем број функции, некои за работа некои за забава. Достапен е во сина, сива и црна боја. 

Доаѓа во две верзии, една само со Wi-Fi и LTE модел. Цената на Wi-Fi моделот е 380 долари, додека LTE верзијата ќе чини 450 долари. Ќе биде достапен од 24 август, заедно со Tab S4. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.