x

Официјално: Google случајно ја потврди Pixel 3a линијата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Април, 2019 од GSM.mk

Случјано или не, Google го потврди постоењето на новата серија смартфони од средната класа - Pixel 3a. Еве што ќе нудат:

Пред неколку дена, Pixel 3a името се појави онлајн во Google Store, и тоа не еднаш, туку два пати. Првиот пат, уредот се појави во "Phone" категоријата. Иако Pixel 2 веќе не е достапен на страната, смартфоните што беа наведени беа Pixel 3 и Pixel 3a. Вториот пат, под категоријата "Featured Accessories", се појавија неколку маски за Pixel 3a.

Во однос на спецификации, Pixel 3a ќе има 5.6 инчен дисплеј со резолуција од 1080 × 2220 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 18.5:9. Под хаубата ќе се наоѓа Snapdragon 670 со 4GB RAM, 64GB меморија и батерија од 3,000 mAh.

Од друга страна, Pixel 3a XL ќе има поголем, 6 инчен панел со резолуција од 1080 x 2160 пиксели. Истотака, ќе работи на помоќен, Snapdragon 710, процесор, повторно со 4GB RAM и 64GB меморија. Капацитетот на батеријата не е познат.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.