x

Официјално Honor 10: Камелеонско тело, AI камера и одлична цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Мај, 2018 од GSM.mk

Под-брендот на Huawei, Honor, тукушто го претстави својот нов смартфон, Honor 10 - уред со солидни спецификации и одлична цена. Но, дали станува збор за "уште една верзија на P20", како што искоментира корисник за време на претставувањето?

Па, исто како P20, Honor 10 доаѓа со стаклен дизајн низ кои се прелеваат неколку бои, претставувајќи нова технологија во Honor линијата, достапна во Phantom Blue и Phantom Green. Дисплејот е 5.8 инчен со FHD+ резолуција и изглед како iPhone X. Во внатрешноста, повторно исто како P20, доаѓа со Kirin 970 процесор, 4GB RAM и 64/128GB меморија.


Висококвалитетниот дуален систем камери на задната страна, 16MP RGB+24MP, е различен од оној на P20. На предната страна, камерата е од 24 мегапиксели, а скенерот за отпечатоци е вметнат во Home копчето. Honor 10 работи на батерија од 3,400 mAh која поддржува брзо полнење, дури 50% во само 25 минути.


Верзијата со 128GB меморија ќе чини 449 евра, а онаа со 64GB меморија ќе биде поевтина, само 399 евра.

 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.