x

Официјално Honor 7C: Најевтиниот смартфон со дуален систем камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Април, 2018 од GSM.mk

Минатата година, Honor го најави првиот телефон со дуален систем камери кој чинеше помалку од 250 долари. Сега, компанијата го претстави неговиот следбеник, Honor 7C, повторно со ниска цена и солидни спецификации..

Уредот доаѓа со 6 инчен дисплеј и резолуција од 720 x 1440 пиксели. Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 450 процесор, придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. Работи на батерија од 3000mAh. Доаѓа со метален дизајн и релативно мали рамки. 

The Honor 7C will be on sale at the end of April

Како што рековме, една од најинтересните спецификации на смартфонот се двете камери на задната страна, од 13 и 2 мегапиксели, додека селфи камерата е од 8 мегапиксели. 

Продажбата на Honor 7C ќе започне на крајот од април, по цена од 242 долари. Ќе биде достапен во сина и црна боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.