x

Официјално Honor Magic 2: Телефон на лизгање со шест камери и неверојатно брзо полнење!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 03 Ноември, 2018 од GSM.mk

Honor Magic беше интересен телефон со кој се запознавме пред две години, во 2016. За него, компанијата немаше никави планови да го претстави надвор од Кина, но затоа го најави неговиот следбеник во септември, кој ќе биде достапен на многу повеќе места..

Honor Magic 2 официјално беше претставен и е првиот телефон во светот кој доаѓа со шест камери. Најинтересно е што тоа не е неговата највозбудлива карактеристика...

Дизајн

На видеото кое Honor го покажа на IFA настанот се забележува уред со all-screen дизајн на предната страна, придружен од лизгачка технологија за активирање на селфи камерите. Благодарение на ваквата конструкција, навистина станува збор за дизајн без предни рамки со целосен дисплеј. Екранот е 6.4 инчен со FHD+ технологија, резолуција од 2340×1080 пиксели и висок, 19.5:9 сооднос. Како сето тоа да не е доволно, Magic 2 доаѓа и со скенер за отпечатоци вметнат под дисплејот. 

Перформанси

Под хаубата, повторно не очекуваат моќни спецификации. Станува збор за првиот 7nm процесор на Andorid, Kirin 980, придружен од 6GB/8GB RAM и 128/256/512GB меморија. Батеријата е од 3400mAh и доаѓа ултра брзо полнење. Останува да видиме "колку брзо" навистина значи тоа.

Камери

Како што рековме, Honor Magic 2 е првиот телефон во светот со шест камери. На задната страна се наоѓа 16 мегапикселна главна камера, придружена од широкоаголен 24 мегапикселен сензор и трета камера од 16 мегапиксели. Лизгајќи го дисплејот, добиваме уште три селфи камери - 16 мегапикселна камера, придружена од 2 мегапикселен сензор за портрети, како и уште еден 2 мегапикселен сензор кој овозможува Face ID.

Цена и достапност

Magic 2 ќе биде достапен од следниот месец. Неговата цена сеуште не е позната, но очекуваме да биде пониска од онаа на Mate 20 Pro. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.