x

Официјално HTC U12 Plus: Убавината е моќ!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Мај, 2018 од GSM.mk

Речиси на полувреме од годината, HTC го претстави својот најнов смартфон, HTC U12 Plus, кој има за цел да ја поправи репутацијата на компанијата и да ја врати добрата среќа..

HTC го отстрани својот добро познат метален дизајн со претставувањето на HTC U11 и U11+ минатата година и го замени со стаклена конструкција која често ја гледаме кај новите смартфони. Нормално, U12+ доаѓа со истиот дизајн. Мора да признаеме дека уредот доаѓа со едни од поубавите бои кои ги имаме видено во последно време. Огнено црвената и проѕирно-сината се едни од најпривлечните бои кои ги имаме видено, победувајќи ја и шемата на бои која ја нуди Huawei P20. 


На предната страна, HTC U12+ доаѓа со 6 инчен QHD+ дисплеј со резолуција од 1440 x 2880 пиксели. За среќа, или несреќа, уредот не го вклучува добропознатиот целосен дисплеј со кој доаѓаат повеќето смартфони оваа година. Иако е прилично тенок, и рамките се минимални, сепак се повидливи од оние на другите уреди. 


Покрај тоа што HTC U12+ доаѓа со две камери на задната страна, нуди и две селфи камери на предната страна. На задната страна, камерите се од 16 и 12 мегапиксели, а на предната има две од 8 мегапиксели. Друга нова и интересна функција е Sonic Zoom. Се на се, U12 Plus нуди неколку нови функции кои не сме ги виделе досега, но не би ги нарекле револуционерни.



Во внатрешноста, се наоѓа батерија од 3500 mAh, која е со помал капацитет од онаа која се наоѓаше во неговиот претходник U11 Plus. Надежно, батеријата, во комбинација со Snapdragon 845 процесорот, ќе нуди голема издржливост. При полнење, Quick Charge 3.0 технологијата овозможува уредот да се наполни до 50% за само 30 минути. 


Почетната цена на HTC U12+ е 799 долари за верзијата со 64GB меморија и 849 долари за онаа со 128GB.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.