x

Официјално Huawei Mate 20 RS Porsche Design: Ултимативното премиум искуство

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Октомври, 2018 од GSM.mk

Како што беше очекувано, деновиве Huawei ги претставни новите Mate 20 и Mate 20 Pro уреди. Она што не беше очекувано, беше претставувањето на уште еден уред заедно со нив - Huawei Mate 20 RS Porsche Design..

Очигледно, на прв поглед се забележува дека Mate 20 RS Porsche Design е дизајниран според изгледот на останатите два Mate 20 смартфони. Од предната страна, уредите се речиси идентични, благодарение на AMOLED панелот, заедно со iPhone X дизајнот на дисплејот. 

Од друга страна, како и кај останатие Porsche Design модели, на задната страна се забележуваат неколку промени. Целосно стаклената конструкција со која доаѓаат Mate 20 уредите e заменета со попремиум дизајн, изработен од висококвалитена кожа, придружена од стакло, вертикално поставено на средината. На него се наоѓа Porsche Design логото и новиот систем камери составен од три сензори. Камерите се од 40, 20 и 8 мегапиксели, а селфи сензорот е од 24 мегапиксели. 

Како и кај предниот дизајн, во внатрешноста на Porsche Design моделот се наоѓаат истите карактеристики како и кај Mate 20 Pro. Единствената разлика е што Porsche Design доаѓа со 8GB RAM и две верзии - една со 256GB меморија и друга со 512GB меморија. Процесорот е Kirin 980, а батеријата е од 4200mAh. 

Бидејќи станува збор за смартфон дизајниран во соработка со Porsche Design, неговата цена не е ниска. Поточно, цената на обичниот модел е 1,695 евра во Европа, додека ултимативното премиум искуство со 512GB меморија ќе ве чини 2,095 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.