x

Официјално Huawei Nova 4: Три задни камери и дупка во дисплејот

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Декември, 2018 од GSM.mk

По најавувањето на Galaxy A8s од страна на Samsung, уште една компанија планира да претстави уред со т.н дупка во дисплејот..

Станува збор за Nova 4, новоочекуваниот уред на Huawei, кој исто како Galaxy A8s, ќе доаѓа со дупка во дисплејот. Ваквата "иновативна" карактеристика е наменета за селфи камерата. Благодарение на неа, добиваме голем дисплеј и минимални рамки. 

На задната страна, Nova 4 доаѓа со три камери, слично како P20 Pro. Овој пат, наместо 40 мегапикселен сензор, Nova 4 ќе има 48 мегапикселна главна камера, која најверојатно ќе биде придружена од широкоаголна и црно-бела леќа. Ќе работи на батерија од 3,900mAh.

Претставувањето на Nova 4 е закажано за 17 декември. Најпрво ќе биде достапен во Кина, а потоа и на други места.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.