x

Официјално Huawei P20 и P20 Pro: Дали три камери се подобри од две?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 28 Март, 2018 од GSM.mk

Конечно, по долгото чекање, ова се Huawei P20 и P20 Pro:

Изненадувачки, Huawei P20 и P20 Pro доаѓаат со значителни промени во дизајнот спрема нивните претходници. За почеток, Twilight верзијата изгледа одлично. За разлика од минатогодишните модели кои имаат целосно метален дизајн, P20 и P20 Pro доаѓаат со комбинација од метал и стакло. Нормално, P20 Pro е малку повисок и поширок, но и потежок за користење со една рака. Кај P20, на предната страна се наоѓа 5.8 инчен RGBW дисплеј со резолуција од 2244 x 1080 пиксели, додека неговиот поголем брат доаѓа со 6.1 инчен OLED дисплеј и резолуција од 2240 x 1080 пиксели. Технички, доаѓаат со 18.7:9 сооднос, но има мало делче на горната страна, оставено за 24 мегапикселната селфи камера. 

Во внатрешноста на уредите се наоѓа Kirin 970 процесор. Иако и кај двата е придружен од 128GB меморија, P20 Pro има 6GB RAM, а P20 "само" 4GB RAM. Доаѓаат со познатиот Emotion UI 8.0 интерфејс, кој го има и кај Honor View 10 и Huawei Mate 10 сериите. Работат на батерии од 3400 и 4000 mAh. 


Како што очекувавме, кај камерите станува интересно. Galaxy S9 доаѓа со моќни камери, но како што се шпекулираше, P20 Pro има дури три камери на задната страна. P20 има дуален систем камери, од 14 и 20 мегапиксели. Но, да се вратиме кај повузбудливот дел. Кај P20 Pro, имаме 40MP RGB главен сензор, 20MP моно сензор и 8MP телефото сензор. Со нивна помош, уредот слика побрзо и произведува побогати бои.


За цените и достапноста наскоро очекуваме информации. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.