x

Официјално: Huawei Y5 Prime (2018)

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Мај, 2018 од GSM.mk

Huawei претстави нов уред во нискобуџетната Y серија уреди - Y5 Prime (2018). Спецификациите не се ништо посебно, но со оглед на цената, не се толку важни..

Во внатрешноста, уредот доаѓа со quad-core процесор, 2GB RAM и 16GB меморија. На задната страна се наоѓа 13 мегапикселна камера, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели. Изненадувачки, Y5 Prime (2018) ќе нуди Face Unlock функција, достапна по update кој ќе биде претставен наскоро. 

Huawei Y5 Prime (2018) silently unveiled, runs Android 8.1 Oreo out of the box


Дисплејот е 5.4 инчен со HD+ резолуција. Работи на батерија од 3,020 mAh. Цената и достапноста сеуште не се познати. Она што знаеме е дека ќе доаѓа црна, сина и златна боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.