x

Официјално iPhone Xs Max: Најголемиот екран и најголемата батерија досега видени на iPhone!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Септември, 2018 од GSM.mk

Кога Apple го претстави iPhone X, сите се прашуваа зашто не постои Plus верзија од уредот, која веројатно ќе беше многу популарна. Епа, Apple ја оправда ситуацијата оваа година, со претставувањето на iPhone Xs Max - следбеник на iPhone X со голем екран..

Како што беше очекувано, iPhone Xs Max доаѓа со голем, 6.5 инчен дисплеј - всушност, најголемиот панел досега виден на iPhone. Интересно е што покрај големиот екран, целосните димензии на Xs Max се речиси исти како оние на iPhone 8 Plus или iPhone 7 Plus. 


Со оглед на популарноста на минатите Plus модели, Apple дефинитивно постапи правилно со претставувањето на таква верзија од iPhone X. За споредба, минатогодишниот iPhone имаше 5.8 инчен дисплеј и е малку поголем од претходниот 4.7 инчен iPhone, додека Xs Max има 6.5 инчен панел, а е речиси иста големина со останатите Plus модели. Поточно, станува збор за 6.5 инчен OLED панел со истиот, висок 19.5:9 сооднос како кај iPhone X. Резолуцијата е подобрена од 1125 x 2436 на 2688 x 1242 пиксели.

iPhone Xs Max is announced – biggest display and battery ever in an iPhone

Во внатрешноста на смартфонот се наоѓа новиот Apple A12 Bionic - првиот 7nm чип во светот и според Apple, "најпаметниот и најмоќниот чип досега виден во смартфон". Придружен е од 4GB RAM и 64/256/512 GB меморија.

iPhone Xs Max is announced – biggest display and battery ever in an iPhone


Нови и подобрени камери

Да преминеме на камерите. Новиот iPhone доаѓа со дуален систем камери од 12 мегапиксели со dual OIS. Како кај iPhone X, станува збор за телефото, придружена од широкоаголна леќа. И покрај сличностите, Apple има претставено низа софтверски подобрувања кај новите камери. Smart HDR е една од нив. Функцијата прави неколку фотографии со различни вредности на експозиција кои потоа се складираат заедно за да се создаде една слика со многу подобар динамички опсег отколку што би можела камерата сама по себе да произведе. Покрај тоа, уредот доаѓа со нов и подобрен Portrait Mode. Селфи камерата е од 7 мегапиксели. 

iPhone Xs Max is announced – biggest display and battery ever in an iPhone


Во однос на достапноста, продажбата на iPhone Xs Max ќе започне на 21 септември, а неговата цена ќе биде 1099 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.