x

Официјално Moto 1S: Копија на Moto G6 со ZUI

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Мај, 2018 од GSM.mk

Moto G6 има двојник во Кина наречен Moto 1S..

Телефонот доаѓа со Lenovo ZUI 3.5 и се очекува да биде продаван само во Кина, што е и логично. На други места од светот, може да биде купен под името Moto G6. Тоа значи дека уредот вклучува 5.7 инчен LCD екран со резолуција од 1080 x 2160 пиксели и 18:9 сооднос. 

Во внатрешноста на смартфонот се наоѓа Snapdragon 450, 4GB RAM и 64GB меморија. На задната страна доаѓа со дуален систем камери (12MP + 5MP), а селфи камерата е од 16 мегапиксели. Работи на батерија од 3000mAh. 

Неговата цена ќе биде околу 233 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.