x

Официјално Motorola P30: Најевтиниот кинески клон на iPhone X

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Август, 2018 од GSM.mk

Покрај Moto Z3 и E5 Plus, Motorola претстави уште еден нов смартфон ова лето - Motorola P30. Да погледнеме што нуди:

Сега за сега, сеуште нема никакви информации за P30 Note and P30 Play верзии, а додека уредот од средна класа инспириран од iPhone X е познат како Motorola P30 во Кина, сигурни сме дека ќе биде преименуван во Moto P30 или Motorola One Power кога ќе се појави на останатите места од светот. 

Да ги запознаеме неговите карактеристики. P30 доаѓа со 6.2 инчен дисплеј, резолуција од 1080x2246 пиксели и 18.7:9 сооднос. На задната страна, се наоѓа "Motorola" логото кое истовремено е и скенер за отпечатоци, придружен од две вертикално поставени камери. Кога сме кај камерите, станува збор за сензори од 16 и 5 мегапиксели, додека селфи камерата е од 12 мегапиксели. 

Motorola P30 goes official as China's latest low-cost iPhone X clone

Во внатрешноста, заедно со Snapdragon 636, се наоѓаат 6GB RAM и 128GB меморија. Работи на батерија од 3000 mAh.



Motorola P30 ќе биде достапен во три бои - црна, бела и т.н “Aurora” нијанса. Почетната цена е околу 300 евра. 

Aurora Motorola P30 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.