x

Официјално Nokia 2.1V: Првиот Verizon уред на Nokia после долго време!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Октомври, 2018 од GSM.mk

Во рацете на HMD Global, Nokia брендот несомнено си ја врати славата која ја имаше пред неколку години. За помалку од 2 години, компанијата успеа да стане една од најпопуларните имиња низ Европа. Според Evan Blass, следната цел на HMD Global е Америка..

Иако Android уредите веќе беа достапни во Америка, HMD планира да го прошири својот бизнис склучувајќи партнерство со Verizon. Првиот уред кој ќе биде произведен од новото пријателство е Nokia 2.1V. Имено, станува збор за истиот Nokia 2.1 смартфон кој беше претставен ова лето, само што ќе го има Verizon брендот на задната страна.

Како мало потсетување, станува збор за уред со 5.5 инчен дисплеј и 16:9 сооднос. Во внатрешноста, очекуваме Snapdragon 425, заедно со 1GB RAM и 8GB меморија. Ќе доаѓа со камера од 8 мегапиксели, како и батерија од 4,000mAh.

Се разбира, по претставувањето на Nokia 2.1V, очекуваме многу помоќни смартфони од HMD Global со Nokia брендот, како Nokia 7.1 и oчекуваниот Nokia 7.1 Plus. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.