x

Официјално Nokia 3.1 Plus: 6 инчен дисплеј, дуален систем камери и неверојатно ниска цена!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Октомври, 2018 од GSM.mk

По неодамна претставениот Nokia 7.1, HMD Global официјално најави уште еден смартфон под Nokia брендот - Nokia 3.1 Plus:

Како што кажува неговото име, Nokia 3.1 Plus нуди висок, 6 инчен дисплеј со 2:1 сооднос, тенки рамки и резолуција од 1440 x 720 пиксели. Во однос на регуларниот Nokia 3.1 речиси нема никакви сличности, бидејќи Plus верзијата доаѓа со секундарна камера на задната страна, помоќен Helio P22 процесор и батерија со капацитет од 3,500, наместо 2,990 mAh.

Со цел да може да произведе "професионални фотографии", смартфонот доаѓа со Phase Detection Auto Focus камера од 13 мегапиксели, заедно со секундарен сензор од 5 мегапиксели кој го овозможува познатиот Bokeh ефект. Предната камера од 8 мегапиксели нуди широкогоаголна леќа за "големи селфиња". Скенерот за отпечатоци се наоѓа веднаш под камерите на задната страна. 

Nokia 3.1 Plus ќе биде достапен во сина, бела и сива боја по цена од 150 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.