x

Официјално Nokia 7.1: Убавец од средната класа со интересни трикови

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Октомври, 2018 од GSM.mk

HMD Global, мала компанија позната по враќањето на Nokia брендот на пазарот, повторно го освежи маркетот на уреди од средната класа со уште еден Nokia смартфон за кој слушаме веќе подолго време - Nokia 7.1..

Првото нешто кое отстапува кај Nokia 7.1 е неговиот прекрасен дизајн. Уредот доаѓа со алуминиумско тело и стаклена конструкција од предната и задната страна. Истотака, достапен е во две бои - "полноќно сина" и "сјајен челик". Преминувајќи на предниот дел, Nokia 7.1 има 5.8 инчен FHD+ дисплеј со резолуција од 2280 x 1080 пиксел, кој не само што може да се адаптира на светлина, туку и ги адаптира тоновите на боите во различни ситуации. 

Како и кај повеќето модерни телефони, на задната страна на Nokia 7.1 има две камери со Zeiss леќи - една од 12 и друга од 5 мегапиксели. Bokeh ефектот е присутен, како и уште неколку Al опции. Камерата на предната страна е од 8 мегапиксели. 

Во внатрешноста на уредот се наоѓа Qualcomm Snapdragon 636 процесор, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. Заштитен е со Corning Gorilla Glass 3 и работи на батерија од 3060 mAh која поддржува брзо полнење. 

Во однос на неговата цена, ќе бидат достапни две верзии од Nokia 7.1 - едната ќе биде со 3 GB RAM/32 GB меморија и ќе чини 319 евра, додека другата доаѓа со 4/64 GB и ќе има цена од 350 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.