x

Официјално: Nokia X5 пристигнува на 11 јули!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Јули, 2018 од GSM.mk

По позитивната реакција од страна на фановите по претставувањето на првиот смартфон со целосен дисплеј, Nokia X6, HMD Global планира да најави сличен уред следната недела..

Бидејќи, сега за сега, Nokia X6 е достапен само во Кина, новиот смартфон со ваков дизајн HMD Global планира да го претстави на глобално ниво. Т.н Nokia X5, истотака познат како Nokia 5.1 Plus, ќе биде уред од средната класа, официјално најавен на 11 јули.

Иако неговите спецификации не се познати, знаеме дека ќе доаѓа со MediaTek, наместo Snapdragon, процесор во внатрешноста. Интересно е што покрај него, HMD Global планира претставување на уште еден смартфон, овој пат со Snapdragon 845. Уредот познат како Nokia 9, нема да доаѓа со целосен дисплеј и безжично полнење, но ќе има Lumia дизајн на камерите и стаклена конструкција. 

Microsoft Lumia 950 XL

По претставувањето на новиот смартфон, компанијата ќе претстави уште еден уред од средната класа со Snapdragon 710 во втората половина од 2018 година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.