x

Официјално: Новите iPhone модели ќе доаѓаат во голем број впечатиливи бои!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Јули, 2018 од GSM.mk

Пред некој месец, се појавија информации дека новиот LCD iPhone модел ќе доаѓа во повпечатливи бои, со цел да ги привлече помладите генерации. Денес, аналитичарот Ming-Chi Kuo ги потврди тврдењата..

Според Ming-Chi Kuo, новите iPhone модели ќе бидат достапни во 8 бои. Почнувајќи од овогодинешните iPhone X и X Plus, повторно ќе бидат достапни во сива и сребрена боја. Но, покрај нив, ќе биде достапна и нова розево-златна варијанта, која требаше да биде претставена минатата година. Цената на новиот iPhone X ќе биде околу 899 долари, додека поголемиот, 6.5 инчен iPhone ќе има цена од 1000 долари. 

Од друга страна, нискобуџетниот LCD iPhone ќе биде малку поразличен во однос на боите. Всушност, опциите наликуваат на iPhone 5C, кој беше претставен во 2013 година. Kuo очекува да бидат достапни сина, црвена и портокалова верзија, заедно со стандардните црна и бела боја во која ќе доаѓаат. Цената на 6.1 инчниот LCD iPhone ќе биде 699 долари. 

Според Kuo, LCD iPhone моделот ќе биде најпопуларен меѓу трите, со најголема продажба - дури 55% од целосната продажба на новите iPhone уреди. Истотака, аналитичарот очекува целосно зголемување на продажбата на смартфоните на Apple оваа година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.