x

Официјално OnePlus 6: Поголем екран, стален дизајн и Snapdragon 845

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Мај, 2018 од GSM.mk

Веќе поминаа четири години од претставувањето на првиот OnePlus One. Денес, OnePlus го најави својот најнов смартфон во серијата - OnePlus 6.

Станува збор за вистински следбеник на OnePlus 5 и 5T, нудејќи одлични спецификации и разумна цена, во споредба со денешните смартфони со цени над 1000 долари. Но, повеќе за цената ќе зборуваме подоцна. Да погледнеме што го прави OnePlus 6 толку специјален:

Без разлика дали ви се допаѓа или не, OnePlus 6 доаѓа со стаклено-метална конструкција, која е доста популарна меѓу денешните смартфони. Gorilla Glass 5 ја покрива предната и задната страна, заедно со метална рамка од страните. На задната страна се наоѓа дуален систем камери и скенерот за отпечатоци. Истотака, за прв пат кај OnePlus телефон, добиваме водоотпорност.


Иако доаѓа со поголем, 6.3 инчен дисплеј, OnePlus 6 ги има речиси истите димензии со неговиот претходник. Кога сме кај дисплејот, станува збор за панел кој го покрива речиси целиот преден дел, освен малото делче наменето за селфи камерата. Вклучува AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2280 пиксели и висок 19:9 сооднос.


OnePlus 6 доаѓа со најновиот Android 8.1. OxygenOS овозможува некој веќе познати функции, како Reading Mode, оптимизирање и чистење на текстот за полесно читање и уште неколку други. Според внатрешните спецификации, OnePlus 6 e телефон изграден за брзина. Таа брзина доаѓа од најдобриот Qualcomm процесор досега, Snapdragon 845, придружен од 6/8GB RAM. Батеријата е од 3300mAh. 



Како што рековме, OnePlus 6 доаѓа со дуален систем камери, од кои главната е од 16 мегапиксели, секундарната од 20 мегапиксели и селфи камерата е од 16 мегапиксели.

Уредот официјално ќе биде достапен од 22 мај во Европа и Америка. Неговата почетна цена е 529 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.