x

Официјално OnePlus 6T McLaren Edition: 10GB RAM и издржлива батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Декември, 2018 од GSM.mk

OnePlus, во соработка со McLaren, туку што го претстави својот нов уред - OnePlus 6T McLaren Edition..

Станува збор за нова верзија на OnePlus 6T која официјално ќе започне да се продава на 13 декември во Европа и Америка. 

На предната страна, McLaren Edition изгледа речиси исто како регуларниот OnePlus 6T, благодарение на големиот дисплеј и малите рамки. Но, од задната страна, OnePlus има направено неколку значителни промени. Наместо една боја, како што доаѓа обичната верзија, новиот модел доаѓа со нова стаклена конструкција во црна и портокалова боја. Покрај тоа, додадено е и McLaren логото.

За цена од 700 долари уредот нуди 10GB RAM и батерија од 3,700 mAh. Според компанијата, благодарение на брзиот полнач, батеријата може да се наполни до 50% за 20 минути. Како мало потсетување, на OnePlus 6T му беше потребен 1 час и 25 минути да се наполни од 0 до 100%.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.