x

Официјално OnePlus Nord LE: Уред од кој е направен буквално само еден модел!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Април, 2021 од GSM.mk

Специјалниот OnePlus Nord SE беше откажан, но наместо него беше претставен друг уред...

Станува збор за уред кој фразата "Limited Edition" ја носи на едно друго ниво. OnePlus Nord LE, кратко за OnePlus Nord Literally Only One Edition (буквално само еден модел). Како што кажува неговото име, од овој уред ќе биде достапна само една единствена единица. Во однос на обичниот OnePlus Nord, единствена разлика е што доаѓа во матирано зелена нијанса која се нијансира од зелено во портокалово. 

Во внатрешноста доаѓа со Snapdragon 765G, има 6.5 инчен дисплеј, четири задни камери и батерија од 4.155 mAh во внатрешноста со брзо полнење од 30W. OnePlus нема потврдено официјално со колку меморија ќе доаѓа, но минималната ќе биде најмалку 8GB RAM и 128GB меморија, како и 12GB RAM и 256GB меморија како втора варијанта.

Бидејќи од него ќе постои само еден единствен модел, OnePlus реши да го подари на еден среќен фан преку Giveaway на Instagram. Еве каде може да учествувате:

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.