x

Официјално Oppo Find X: Спецификации, цена, слики и достапност

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јуни, 2018 од GSM.mk

Можеби не сте слушнале за Oppo, кинеска компанија која своите уреди ги продава главно во Азија, но кога ќе се запознаете со новиот смартфон на компанијата, дефинитивно ќе го запамтите нејзиното име..

Футуристичкиот уред кој го гледате на фотографиите е Oppo Find X, смартфон речиси без рамки од страните - со 93% тело-дисплеј сооднос. Доаѓа со 6.4 инчен панел и резолуција од 1080 x 2340 пиксели. На задната страна е изграден со стаклена конструкција, а од страните вклучува алуминиумска рамка. Ќе биде достапен во сина и црвена боја. 


Во внатрешноста, се наоѓа моќниот Snapdragon 845, придружен од 8GB RAM и 256GB меморија. Главната камера е од 16 мегапиксели, придружена од секундарна камера од 20 мегапиксели, додека селфи камерата е од 25 мегапиксели. Работи на батерија од 3730 mAh. 

Последно, компанијата планира да го најави Oppo Find X на 19 јуни во Париз, а официјално ќе биде достапен во август, по цена од 999 евра. 

Oppo Find X price and release date revealed

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.