x

Официјално: Откриен изгледот на iPhone 11 Max!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Јули, 2019 од GSM.mk

Изгледот на iPhone 11 Max прв пат се појави во јануари. Бидејќи беше многу рано, голем дел од фановите не беа сигурни дека токму така ќе изгледа уредот..

Сега, два месеци пред претставувањето на iPhone 11 серијата, изгледа дека работите не се многу променети во однос на дизајнот. На фотографиите се забележува предниот и задниот дел од iPhone 11 Max.

Почнувајќи од задната страна, највпечатлив е системот камери кој се наоѓа во горниот лев агол и е прилично голем. На него се наоѓаат три камери кои како и претходните модели ќе бидат од 12 мегапиксели. Првиот сензор ќе поддржува оптичка стабилизација, додека вториот ќе биде телефото сензор со 2x оптички зум. Третата камера ќе биде широкоаголна.

Кога ќе го свртиме телефонот на предната страна, не очекува веќе добро познат дизајн. iPhone 11 Max ќе го има истиот панел со кој прв пат се запознавме во 2017 година, со iPhone X. Една промена е што предната леќа е малку поголема, бидејќи ќе поддржува понапредна Face ID технологија. Истотака, нова 12 мегапикселна леќа ќе ја замени претходната селфи камера од 7 мегапиксели.

Во однос на останатиот дизајн, уредот изгледа речиси исто со минатите iPhone модели. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.