x

Официјално: Ова е цената на Nokia X6

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Мај, 2018 од GSM.mk

Конечно се појави цената на Nokia X6, заедно со дел од неговите спецификации..

HMD Global планира да го претстави својот нов смартфон оваа среда, на 16 мај, истиот ден кога ќе биде најавен и OnePlus 6. Бидејќи неговото претставување е толку блиску, уредот се појави на Geekbench, заедно со промотивен постер и дел од спецификациите. 

На тестирањата, Nokia X6 постигна single core од 1332, заедно со multi core од 4892. Бројките се добиени поради комбинацијата од Snapdragon 636 и 6GB RAM. Покрај оваа верзија, HMD ќе претстави уште една, со 4GB RAM и пониска цена. Кога сме веќе кај цената, знаеме дека верзијата со 4GB RAM ќе чини 240 долари, додека цената на другата верзија сеуште не е позната. 


Покрај овие спецификации, од претходни информации знаеме дека ќе доаѓа со 5.84 инчен дисплеј, резолуција од 2280 x 1080 пиксели и дуален систем камери. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.