x

Официјално: Ова е Galaxy S20 серијата на Samsung!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Февруари, 2020 од GSM.mk

Samsung конечно ја претстави долгоочекуваната Galaxy S20 за која се зборува веќе неколку месеци. Еве што нудат овие уреди:

Почнувајќи од најмалиот, Galaxy S20 доаѓа со 6.2 инчен Premium Hole Infinity дисплеј со резолуција од 3200 x 1440 пиксели. Неговите целосни димензии се од 151.7 x 69.1 x 7.9 mm. На задниот дел се наоѓа главна камера од 12 мегапиксели со втора камера за портрети од 64 мегапиксели и трет, ултра широкоаголен сензор од 12 мегапиксели. Селфи камерата е од 10 мегапиксели. Батеријата е од 4000 mAh. Ќе биде достапен во сина, сива и розева боја.

The Galaxy S20 and Ultra are here and are huge in specs, size, and price

Втор на листата е Galaxy S20+. Доаѓа со 6.7 инчен Premium Hole Infinity дисплеј со резолуција од 3200 x 1440 пиксели. Главната камера е од 12 мегапиксели со 64 мегапикселен сензор за портрети и трета камера од 12 мегапиксели. Селфи камератаа е повторно од 10 мегапиксели. Целосните димензии се од 161.9 x 73.7 x 7.8 mm, а батеријата е од 4500 mAh. Достапен е во сина, црна и сива боја.

Последно, го имаме најмоќниот S20 Ultra. Овој модел има премиум карактерстики во секој аспект. Најпрво, доаѓа со голем, 6.9 инчен дисплеј со иста резолуција како другите два. Димензиите се од 166.9 x 76 x 8.8 mm. Камерите се најинтересниот дел, бидејќи главниот сензор е од 108 мегапиксели. Овој сензор е придружен од втора камера од 48 мегапиксели и трета камера од 12 мегапиксели. Селфи камерата е еднакво моќна, бидејќи е од 40 мегапиксели. Батеријата е од 5000 mAh и е достапен само во црна и сива боја.

GalaxyS20series03image.jpg

Од исти карактеристики, сите три модели работат на Snapdragon 865 во Америка и Exynos 990 во Европа. Истотака, доаѓаат со 5G технологија. Од процесорите веќе се појавија бенчмаркинг резултатите и според нив Exynos постигна single-core од 938 и multi-core од 2726 поени, додека Snapdragon постигна single-core од 923 и multi-core од 3267.

galaxy-s20-plus-exynos-vs-snapdragon-ultra-benchmark-score.png

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.