x

Официјално: Ова е новиот MediaPad таблет на Huawei!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 02 Јуни, 2019 од GSM.mk

MediaPad M5 беше најавен во февруари, а сега се појави официјално со сите спецификации. Еве што нуди:

Се на се, новиот таблет не се разликува многу од неговиот претходник. Има тенки странични рамки и малку подобела на горниот дел. Една разлика е што Home копчето е отстрането, а на негово место се наоѓа логото на компанијата. Како и претходната година, ќе бидат достапни две верзии. Помалата ќе има 8.4 инчен дисплеј со батерија од 4,500mAh, а поголемиот ќе има 10.7 инчен панел и батерија од 7,500mAh.

Во однос на внатрешните спецификации, се очекува Huawei да го замени Kirin 960, кој се наоѓа во MediaPad M5 моделите, со понов Kirin 970 со кој доаѓа Huawei P20 Pro. Останатите спецификации не се целосно откриени, но очекуваме најмалку 4GB RAM и 64GB меморија.

Информации за цената и достапноста не се познати.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.