x

Официјално: Ова е OnePlus 7 Pro "limited edition"!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Јуни, 2019 од GSM.mk

Покрај обичниот OnePlus 7 Pro, компанијата деновиве претстави и "специјална" верзија од уредот..

Уредот е достапен по цена од 700 долари и доаѓа со 8GB RAM и 256GB меморија. OnePlus го нарекува "limited edition", а на задната страна има речиси кремаст дизајн. На предниот дел се наоѓа 6.67 инчен AMOLED панел со резолуција од 1440x 3120 пиксели. Ова е првиот уред на компанијата кој има 1440p екран.

Во внатрешноста се наоѓа батерија од 4000 mAh и Snapdragon 855 процесор. Има систем од три камери на задната страна - главниот сензор е 48 мегапикселен, придружен од 8 мегапикселна и 16 мегапикселна широкоаголна камера. На предната страна има камера повторно од 16 мегапиксели. Има notch и скенер за отпечатоци под панелот.

Оваа специјална верзија е позната како OnePlus 7 Pro во Almond и ќе ја има во лимитирани количини.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.