x

Официјално: Ова се iPhone 11, iPhone 11 Pro и 11 Pro Max

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Септември, 2019 од GSM.mk

Конечно! Ова е новата iPhone серија на Apple:

iPhone 11 е директен следбеник на минатогодишниот iPhone XR. Го има истиот дизајн од стакло и метал со 6.1 инчен дисплеј. Станува збор за ист Liquid Retina LCD панел и иста резолуција како кај XR. 

Големата приказна е кај камерите на iPhone 11 - има 12 мегапикселен главен, заедно со втор сензор од 12 мегапиксели со нова ултра широкоаголна камера. Оваа камера ќе биде особено добра за пејзажни фотографии.

iPhone 11 има и нова цена од 699 долари!

Се разбира, заедно со него, Apple претстави уште два модели со нова и уникатна технологија. Станува збор за iPhone 11 Pro и 11 Pro Max кои се следбеници на XS и XS Max. 

iPhone 11 Pro - Apple announces iPhone 11, iPhone 11 Pro and 11 Pro Max

 iPhone 11 Pro има подновен OLED панел со слична технологија како скапиот Pro Display XDR. Истотака, овој панел има и нова име - Super Retina XDR Display.

На задниот дел на iPhone 11 Pro и Pro Max има повторно систем од три камери, но со нови карактеристики. 

Цените на iPhone 11 и 11 Pro се исти - 999 и 1099 долари. 

Претпродажбата ќе започне во петок, на 13 септември. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.