x

Официјално: Ова се Meizu 15, Meizu 15 Pro и Meizu 15 Lite

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Април, 2018 од GSM.mk

Денес, кинеската компанија Meizu претстави три нови смартфони - Meizu 15, Meizu 15 Pro и Meizu 15 Lite, чие име ја симболизира 15 годишнината од постоењето на компанијата.

Најпрво, го имаме моќниот Meizu 15 Pro, кој доаѓа со 5.95 инчен 2K OLED дисплеј и Exynos 8895 процесор. Вклучува 6GB RAM и 64GB/128GB меморија. На задната страна се наоѓаат две камери од 12MP + 20MP и селфи камера од 20 мегапиксели. Работи на батерија од 3500mAh. Интересно е што Meizu 15 Pro доаѓа со најтенките рамки во светот, од 1.175 mm. Неговата почетна цена е 475 долари. 

Потоа, го имаме Meizu 15, со малку помал дисплеј, од 5.46 инчи, со OLED панел и 1080p резолуција. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 660 процесор, 4GB RAM и 64GB/128GB меморија. Камерите на уредот се исти како оние кај 15 Plus. Достапен е во сина, црна, златна и бела верзија. Неговата цена е 397 долари.

Meizu 15 Pro (лево) и Meizu 15 (десно)

Meizu 15

Meizu 15 и Meizu 15 Pro ќе бидат достани на 29 април. 

На крај, го имаме Meizu 15 Lite, кој беше претставен посебно и нема да биде достапен во Кина. Доаѓа со 5.46 инчен LCD дисплеј, Snapdragon 626, 4GB RAM и 64GB меморија. На задната страна се наоѓа камера од 12 мегапиксели, а на предната страна од 20 мегапиксели. Работи на батерија од 3000mAh. 

Meizu 15 Lite

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.