x

Официјално Pixel 3 и Pixel 3 XL: Поголем дисплеј, безжично полнење и две селфи камери

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Октомври, 2018 од GSM.mk

По низа шпекулации, гласини и фотографии, конечно ги запознавме новите Pixel 3 и Pixel 3 XL. Да погледнеме што точно нудат новите премиум смартфони на Google:

На задната страна, уредите го имаат традиционалниот Pixel дизајн во две нијанси и една камера, но овој пат доаѓаат со новиот Android 9 Pie, побрз процесор, безжично полнење, како и уште неколку интересни карактеристики. 

Една од најголемите разлики меѓу Pixel 3 и 3 XL е во големината на екраните - Pixel 3 доаѓа со 5.5 OLED, QHD+ инчен дисплеј, додека 3 XL има поголем, 6.3 OLED, QHD+ инчен дисплеј. Истовремено, XL доаѓа и со поголема батерија од 3,430mAh, додека неговиот помал брат има батерија од 2,915mAh.

New Pixel Stand

 Преминувајќи на нивните сличности, кои се многу повеќе, ќе започнеме од внатрешните спецификации. И двата смартфони работат на Snapdragon 845, придружен од 64GB RAM / 128GB меморија. Иако имаат различни батерии, и двете доаѓаат со брзо и безжично полнење. Во однос на изгледот, ќе бидат достапни во три бои - бела, црна и розева. Изградени се од стаклена конструкција.

Google Pixel 3 and Pixel 3 XL go official

Интересно е што за разлика од останатите смартфони на пазарот, на задната страна имаат само една камера, од 12 мегапиксели, додека на предната страна имаат две камери од 8 мегапиксели. Една од најпопуларните функции е Top Shot. Со неа, уредот прави, селектира и анализира неколку слики, а потоа користи Al технологија со цел да ја одбере најдобрата меѓу нив. Отсега, Google Lens истотака има во камерата и може да се користи дури и офлајн. Меѓу другото, Portrait Mode е подобрен и ви дозволува да го одберете степенот до кој сакате да ја замаглите позадината. 


Преминувајќи на предните камери, сега има нова Photobooth функција со која телефонот автоматски прави фотографија кога ќе се насмеете. Покрај обичните широкоаголни фотографии, благодарение на секундарната селфи камера, отсега ќе може да правите и широкоаголни селфиња. 

Google Pixel 3 and Pixel 3 XL go official

Продажбата на Pixel 3 и Pixel 3 XL ќе започне на 18 октомври. Цената на Google Pixel 3  со 64GB меморија ќе биде 800 долари, а верзијата со 128GB меморија ќе чини 900 долари. Поголемиот Pixel 3 XL ќе има почетна цена од 900 долари за верзијата со 64GB меморија, додека онаа со 128GB ќе има цена од 1000 долари. 

Има заинтересирани? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.