x

Официјално Samsung Galaxy A20: Солидни спецификации, буџетска цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Март, 2019 од GSM.mk

Оваа година, Samsung планира целосно да ја преплави Galaxy A линијата со нови уреди. Веќе знаеме дека компанијата ќе претстави уште најмалку четири нови уреди во неа, а три веќе беа претставени..

Доколку сте во потрога по буџетски смартфон, новиот Galaxy A уред на Samsung е одличен избор. Станува збор за Galaxy A20 - уред кој во однос на спецификации се наоѓа помеѓу A10 и A30.

Една од најпривлечните карактеристики на A20 е дефинитивно неговиот  Super AMOLED дисплеј и двете камери на задната страна. Се разбира, постојат уште неколку други интересни спецификации.

Најпрво, за луѓето кои не се фанови на добропознатиот "notch" дизајн, Galaxy A20 за жал не е за вас. Но, доколку ваквиот изглед не ви пречи, уредо нуди голем, 6.4 инчен  Super AMOLED панел со резолуција од 720 x 1560 пиксели. Станува збор за истиот дисплеј како оној кај Galaxy A30 и A50, но го добивате за многу поевтино.

Иако е уред од средната класа, A20 има две камери на задната страна. Сензорите се од 13 и 5 мегапиксели, а селфи камерата е од 8 мегапиксели.

Samsung Galaxy A20 goes official with solid features, budget price tagВо однос на внатрешните спецификации, бидејќи станува збор за уред од средната класа, перформансите се просечни. Процесорот е Exynos 7884, кој е сличен со Snapdragon 450. Работи на Android 9 Pie. Овој процесор е придружен од 3GB RAM и 32GB меморија, како и голема батерија од 4,000 mAh.

Сега за сега, Samsung Galaxy A20 е достапен само во Русија, но наскоро ќе пристигне и во другите земји. Неговата цена е околу 215 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.