x

Официјално Samsung Galaxy F: Дуален систем камери, 8GB RAM и огромна батерија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Декември, 2018 од GSM.mk

Покрај очекуваната Galaxy S серија, следната година Samsung ќе го претстави и својот прв смартфон со дисплеј на преклопување - Galaxy F. Да погледнеме што ќе нуди уредот:

Деновиве се појавија нови информации за спецификациите на Galaxy F. Како што рековме, станува збор за првиот уред на Samsung со екран на преклопување, чија цена ќе биде околу 1800 долари. Според аналитичарите, до 2022 година, просечната цена на ваквите смартфони ќе биде околу 1300 долари.

Најпрво, Galaxy F ќе доаѓа со две батерии - едната ќе биде со капацитет од 5000mAh, а другата со капацитет од 6000 mAh. На задната страна ќе се наоѓа дуален систем камери, 12MP + 12MP, заедно со селфи камера од 8 мегапиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа Exynos 9820/Snapdragon 8150, во зависност од пазарот на кој ќе биде продаван. Процесорот ќе биде придружен од 8GB RAM и 128GB меморија.

Во однос на дисплејот, ќе станува збор за 7 инчен панел, кој кога ќе се отвори ќе достигне големина од 12 инчи. Претставувањето на уредот го очекуваме најрано на почетокот од 2019 година, заедно со Galaxy S серијата во февруари, ако не и подоцна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.