x

Официјално: Samsung Galaxy Note 9 ќе биде достапен во 5 нови бои!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јуни, 2018 од GSM.mk

По низата информации за спецификациите и дизајнот на Note 9, последно ги дознавме и боите во кои ќе биде достапен уредот..

За разлика од Galaxy S9 и Galaxy S9+ кои беа претставени во 4 бои на почетокот од годината, Samsung планира да го прошири бројот на бои во кои ќе биде претставен Galaxy Note 9 на 5. Меѓу нив, повторно ја добиваме Midnight Black (полноќно црна) варијантата и малку посветла Lilac Purple, која ќе биде наречена Lavender (виолетова). Покрај нив, ќе биде претставена и Titanium Gray верзија, заедно со, сега за сега непознат електрично син Note 9 модел. Последно, ќе биде претставена и кафена варијанта. 


Како мал потсетник, Galaxy Note 9 ќе биде претставен со алуминиумска рамка сместена помеѓу два стаклени панели со dual-edge 6.4 инчен дисплеј. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 845, заедно со 6GB RAM и 256GB меморија. 

Претставувањето на Note 9 го очекуваме на почетокот од август во Њу Јорк. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.