x

Официјално: Samsung Galaxy S10 пристигнува во февруари, Galaxy X во јануари

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Јули, 2018 од GSM.mk

Samsung конечно официјално ги потврди датумите за претставуање на долгоочекуваните смартфони..

Иако прво се зборуваше дека Samsung планира да ја најави Galaxy S10 линијата во јануари за време на CES 2019, а Galaxy X месецот потоа, компанијата сепак ги промени плановите. Доколку информациите се точни, Galaxy X, првиот смартфон на преклопување на Samsung, ќе биде претставен на CES 2019 во јануари, а достапен за продажба од февруари. Компанијата планира да произведе само околу 300 000 до 500 000 единици од него.

Покрај тоа, Galaxy S10 серијата ќе биде најавена за време на MWC 2019, исто како Galaxy S9 претходната година. На најавувањето следната година, можно е да видиме помал Galaxy S уред, кој ќе биде продаван заедно со два поголеми смартфони. Сега за сега, не е познато дали ќе има големи разлики во спецификациите меѓу нив три, освен кај камерите. 

Со оглед на тоа што Samsung сеуште го нема претставено уредот за втората половина од оваа година, Galaxy Note 9, новите информации може да се променат во секој момент. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.