x

Официјално Samsung Galaxy Tab S4: Прекрасен дисплеј, тенки рамки и S Pen пенкало

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 06 Август, 2018 од GSM.mk

Samsung конечно го претстави Galaxy Tab S4 - еден од најочекуваните следбеници на најдобриот Android таблет на пазарот. Да погледнеме што нуди:

Додека претставувањето на таблетот го очекувавме заедно со Note 9, Samsung изненадно го претстави пред време. 

Samsung Galaxy Tab S4 goes official: slim bezels, gorgeous display, S Pen power

Дизајн

Смартфоните веќе некое време доаѓаат со 18:9 тело-дисплеј сооднос, а конечно истото ќе го видиме и кај таблетите. Galaxy Tab S4 доаѓа со широк, 10.5 инчен AMOLED дисплеј,  резолуција од 2560x1600 пиксели и тенки метални рамки. На задната страна, има стаклена конструкција, но за жал не поддржува безжично полнење. Интересно е што нема скенер за отпечатоци. Наместо тоа, Tab S4 целосно се потпира на ирис скенерот. 


Спецификации

Во внатрешноста на таблетот се наоѓа Snapdragon 835 процесор, придружен од 4GB RAM и 256GB меморија. Истотака, има батерија од 7,300 mAh која поддржува брзо полнење. Главната камера на задната страна е од 13 мегапиксели, додека селфи камерата е од 8 мегапиксели. 




Како што може да очекувате, Galaxy Tab S4 нема да биде евтин. Wi-Fi моделот со 64GB меморија ќе чини 650 долари, додека Wi-Fi верзијата со 256 GB меморија ќе биде 750 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.