x

Официјално: Сите детали и спецификации на Huawei Mate 20 Pro

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Октомври, 2018 од GSM.mk

Huawei ќе претстави три нови смартфони следната недела, но оној за кој сме сите највеќе возбудени е Huawei Mate 20 Pro. Токму поради тоа, една недела пред официјалното претставување се појавија сите детали за уредот..

Да започнеме со најинтересната карактеристика - камерите. Како што се очекуваше, главниот сензор ќе биде од 40 мегапиксели, придружен од нова технологија наречена “FusionMind”, која спојува четири пиксели во еден и овозможува подобри фотографии при ниска светлина. Слично како P20 Pro, Mate 20 Pro ќе има телефото камера, која доаѓа со значително подобрување, од 8 на 20 мегапиксели. Истотака, новата леќа поддржува 5x зум, наместо 3x. Задниот систем камери ќе биде придружен и од трета, широкоаголна, камера. Последно, селфи камерата ќе биде од 24 мегапиксели.

Преминувајќи од камерите на дизајнот, уредот ќе доаѓа со неочекувано голем, 6.4 инчен дисплеј и скенер за отпечатоци вметнат под него. Резолуцијата ќе биде од 3120 x 1440 пиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа новиот Kirin 980 процесор, придружен од неколку верзии - корисниците ќе може да бираат меѓу 4, 6 и 8GB RAM, како и 128, 256 и 512GB меморија. Батеријата ќе биде од 4,200mAh и ќе вклучува SuperCharge 2.0 брзо полнење кое овозможува полнење од 70% за само 30 минути. 

Huawei Mate 20 Pro ќе биде достапен во четири бои: црна, сина, сива и нова, зелена боја. Почетната цена ќе биде околу 1,100 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.