x

Официјално: Xiaomi Mi 9T пристигнува на 20 јуни!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Јуни, 2019 од GSM.mk

Според новите официјални информации од компанијата, новиот уред на Xiaomi пристигнува за само неколку дена...

Имено, Mi 9T ќе биде првиот уред на Xiaomi кој ќе има селфи камера на лизгање. Истотака, доаѓа со систем од три камери на задната страна, како и скенер за отпечатоци вметнат под панелот.

Во однос на внатрешните спецификации, ќе се наоѓа Snapdragon 730, заедно со 6GB RAM и 128GB меморија. Ќе работи на батерија од 4000mAh. Поддржува брзо полнење.

Предности:

  • Висок тело-дисплеј сооднос
  • Одлични камери
  • Многу RAM
  • Голема батерија
Негативно:
  • Просечни перформанси
На предната страна се наоѓа голем, 6.4 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 86%, заштитен со Corning Gorilla Glass 5. Ќе биде достапен во црна, сина и црвена боја.
Навраќајќи се на камерите, станува збор за главна камера од 48 мегапиксели, придружена од 8 мегапикселна и 13 мегапикселна широкоаголна камера. Придружени се од dual-led блиц. Селфи камерата е од 20 мегапиксели и е на лизгање.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.